Macedonian    Albanian  Directions Instagram Facebook     
Услуги | Бама Инжинеринг-Монтинг

Услуги

ОГРАДИ

Изработка и монтажа на огради.
Обезбедете го и ограничете го земјиштето кое го поседувате.
Проектираме, изработуваме и монтираме огради согласно Вашите барања, желби и потреби. Во изработката користиме висококвалитетен метал кој нуди висок сјај, цврстина (отпорност на абразнивни средства), еластичност и тврдост (способноста на материјалот да се спротивстави на примената на надворешна сила без да се скрши).
Оградата може да биде изработена во боја согласно Вашата желба.
Дозволете Вашиот дом да изгледа уште поубаво.

ПАРКИНГ БЛОКАТОРИ

Вашето паргинг место одсега е само ваше!!!
Со паркинг блокаторите на нашата фирма проблемот е веќе минато.
Изработка и монтажа на паркинг блокатори.

БРАВАРИЈА

Нерешливите проблеми веќе се минато.
БаМа Инжинеринг-Монтинг има решение за сите проблеми во областа на браваријата.
Со стручниот кадар БаМа Инжинеринг-Монтинг Ви нуди елегантен изглед на грубото железо. Високиот квалитет, навремената и брза изработка како и прифатливите цени се она што го нуди нашата фирма.
Повелете посетете не и уверете се во нашиот квалитет.

МЕТАЛНИ КОНСТРУКЦИИ

Изработка и монтажа на метални конструкции со лексан.
Заштитете го Вашето возило и обезбедете си сенка во летните денови.
Лексанот е материјал кој најчесто се користи за покривање на металните конструкции. Како материјал истиот е флексибилен, издржлив, отпорен на сите временски услови, нуди термо и звучна изолација. Лесен за одржување и чистење.
Идеално решение доколку естетски сакате да го разубавите изгледот на Вашиот стан или куќа.
Изработката на металните конструкции со лексан е со димензии и изглед, согласно Вашето барање, желба и потреба.